Внучето Жељко и снаата Богдана, излегоа од приватната болница во која таа се породи пред некој ден, а мега популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ стана млада баба на своите 47 години. Дури и во времето на оваа пандемија додека уште владее коронавирусот, се покажа дека скоро сите балкански медиуми (пишаните и електронските) се натпреваруваат кој повеќе ќе информира за внукот на пејачката.

“Внучето ми е за чиста десетка, пресреќна сум што го носи името на мојот сопруг Жељко“, изјавила Цеца пред породилиштето во кое и таа пред многу години се породи со синот Вељко

Медиумите навистина јавуваат од ден во ден за се што се случува во ова познато српско семејство во кое главниот збор, сепак го имаше трагично загинатиот Жељко Ражнатовиќ-Аркан, кој беше осуден пред неколку години за воените злосторства. Но, животот тече понатаму, a внукот на Цеца го носи токму името на нејзиниот сопруг, неговиот дедо.

Тато Вељко уште слави и тоа со хитовите на мама Цеца….“Лепи громе мој“, “Знам за један град Београд“, “Кад би био рањен“, “Цветак зановетак“, “Ја још спавам у твојој мајци“, “Драгане мој“…..

Цеца по својот внук во породилиштето дојде облечена во тесен костум искомбиниран со црни патики, комбинација како совршена и одговара за ова променливо пролетно време. Таткото Вељко синот го носеше во розова носилка која на врвот имаше глава од тигар, заштитен воен знак на неговиот покоен тато Аркан.

Снајката Богдана од породилиште излезе во бело, бели панталони, бели патики, бела мајца, а врз сето тоа  имаше шарена туника.Прославата по повод раѓањето на малиот Ражнатовиќ продолжува во вилата на Дедиње, каде што и понатаму ќе живее Вељко со сопругата и синот, на горниот кат од оваа преубава скапа семејна куќа која е целата покриена со скриени камери и за која се грижи приватно обезбедување…… Сите информации дека Вељко и Богдана со синот заминуваат на Кипар каде Ражнатовиќи имаат огромна куќа на море, сега-за сега се неточни. Остануваат во родната Србија и нивниот Белград!      Д.М. /foto:FB,Youtube,Instagram/