Внимателно возете! Пиво на патот!
Камион кој превезувал лименки со пиво се превртел во накјпрометниот дел на автопат во Австралија поради што дел од патот со часови бил затворен за сообраќај. Илјадници лименки на пивото Victoria Bitter го прекрија патот, а за среќа нема повредени. Victoria Bitter или познато само како VB, е едно од најпородаваните пива во Австралија и видеото од оваа несреќа брзо ги преплави социјалните мрежи.