Внимание: Пајакот лови низ Аеродром!

68

Општина Аеродром продолжува со активностите за отстранување на возилата што се паркирани несоодветно и спротивно на Законот за јавна чистота и Законот за урбано зеленило.

– Инспекциските служби на Општина Аеродром секојдневно се на терен и интервенираат секаде каде што е потребно, а несовесните возачи добиваат парични казни и се соодветно санкционирани. Несоодветно паркираните возила на плочниците меѓу зградите, на тревниците и на другите јавни површини го оневозможуваат непреченото движење и претставуваат опасност за пешаците и велосипедистите, а се предизвикуваат и материјални штети, кои сите ние ги плаќаме. Оттука апелираме на почитување на пропишаните правила и закони со што ќе ја зачуваме нашата средина, како и безбедноста на секој граѓанин – информираат од општина Аеродром.