Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е последниот кој се вклучи во трката по потписот на српскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Душан Влаховиќ. Одличниот напаѓач има договор со „виолетовите“ до крајот на актуелната сезона и поради таквата ситуација раководните лица сакаат да го продадат веќе во јануари доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 70 мил. евра.