Властите не мируваат:Иранска двојка снимена како танцува на улиците на Техеран, ги чека над десетгодишна казна/ВИДЕО

867

Иранска двојка во раните дваесетти години, наводно, била осудена за „промовирање на корупција, проституција и пропаганда“.

Млада иранска двојка на околу 20 години е осудена на вкупно 10 години затвор откако објавиле видео на кое танцуваат на улица.

Тие, наводно, биле осудени за промовирање корупција, проституција и пропаганда.

На видеото се гледа како тие танцуваат покрај кулата Азади (Слобода) во Техеран.

Властите изрекуваат драконски казни за лицата кои учествувале во протестите по смртта на жената која полицијата ја приведе поради морал, меѓу другото се изрекуваат и смртни казни.

Двојката не го поврза својот танц со актуелните протести во Иран.

Антивладините протести, кои иранскиот режим ги нарекува „немири“, ја зафатија земјата откако Махса Амини (22) почина во полициски притвор во септември минатата година.

Таа беше уапсена во Техеран поради наводно прекршување на прописите со кои се бара од жените да ја покриваат косата со хиџаб или марама.

Астијаз Хакики (21) и нејзиниот свршеник Амир Мохамад Ахмади (22) наводно биле осудени за „промовирање на корупција и проституција, заговор против националната безбедност и пропаганда против естаблишментот“.

Пред апсењето беше претресена семејната куќа на Астијаз Хакики, која вели дека по професија е моден дизајнер.

Останува нејасно колкава е казната за секое од обвиненијата.

Двајцата беа осудени на вкупно десет и пол години, комбинирана казна за обвиненијата.

Доколку се потврдат пресудите, тие ќе треба да ја отслужат најдолгата од тие казни.

Според извештаите, им била изречена и забрана за користење на социјалните мрежи и напуштање на земјата на две години.

Иранското протестно движење кое се зголеми во септември стана еден од најсериозните предизвици со кои се соочува иранскиот режим откако дојде на власт по револуцијата во 1979 година.

За да ги смири протестите, државата наметна ригорозни казни за луѓето вклучени во протестите, вклучително и егзекуција на најмалку четворица демонстранти претходно овој месец и во декември.

Иако смртта на Махса Амини беше катализатор за пошироки немири во Иран, таа беше поттикната и од долгогодишното незадоволство поради сиромаштијата, невработеноста, нееднаквоста, неправдата и корупцијата.

Стотици луѓе беа убиени, а илјадници беа уапсени за време на демонстрациите за нејзината смрт.

Извор:www.firstpost.com