Владата одобри 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

112

Владата одобри 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации, со која Владата и Кралството Норвешка подготвија план за чистење на еколошкото жариште ОХИС.

Генерален секретаријат на Владата информираше дека е целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните на компанијата „Теас-Темко“.

– Постапувајќи по заклучок на Владата, Генералниот секретаријат врз основа на договорот со единствениот понудувач Trayal корпорација АД „Крушевац“ – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко“ на имотот на АД „Макпетрол“ во Скопје – информираа од Владата.