Влада: Разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог

99

Премиерот Зоран Заев вчера во Бугарија доставил серија предлог решенија за тоа како да се решни проблемот кој претставува вето за Македонија на патот кон ЕУ.

Предлог-решенијата не се објавени, но од Владата велат дека се основа на португалскиот предлог.

За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни односно да ги адресираат прашањата кои се важни и за МК и за БГ. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса. Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите, велат од Владата

Вчера Заев се сретна со премиерот Стефан Јанев како и претседателот Румен Радев. Оставари и средба со претседатели на политички партии. Од сите средби, заклучокот беше ист, дека Бугарија дава поддршка за членство на Македонија во ЕУ.