Вкус што се памети: Крем намаз од печени пиперки и леб

177

Овој намаз можете да го служите со печен зеленчук, како сос за месо или едноставно и највкусно – намачкан на леб.

Состојки: 

  • 3 поголеми црвени пиперки
  • 8 чешниња лук
  • 200 гр стар леб
  • 150 гр пржени бадеми
  • 50 мл оцет балсамико
  • 100 мл маслиново масло 1 лажица димена пиперка во прав
  • сол и бибер

Подготовка: 

Убаво испечете ги пиперките, а потоа оставете ги да се оладат.

За тоа време во тава ставете масло и пропржете го лукот насецкан на парчиња. Потоа извадете го од тавата, а во неа ставете ги коцките стар леб, и пржете да станат крцкави.

Исчистете ги пиперките и ставете ги во блендер заедно со лукот, лебот, бадемите и оцетот. Мешајте додека не добиете смеса која потсетува на ајвар. Готовиот намаз посолете го, ставате малку бибер и димена пиперка во прав по вкус.

Уживајте ви вкусот!