Вирусот помина две третини од патот, ОМИКРОН ОВОЗМОЖУВА ПОНОРМАЛЕН ЖИВОТ

185

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер денеска оцени дека сојот омикрон на корона вирусот овозможува животот на граѓаните да продолжи „понормално“ и дека може да се забележи дека „вирусот поминал две третини од патот и дека засега сè е на добар пат.

Шеклер за РТС изјави дека зимскиот период генерално е сезона на респираторни заболувања, а оцени дека децата треба да одат во градинки и училишта.

„Заедно со бактериските болести, сезоната сега е на вируси, бидејќи поголемиот дел од времето се поминува во затворени простории, надвор е студено, студот многу често доведува до пад на имунитетот и ја отвора вратата за инфекција“, рече Шеклер.

Тој нагласи дека децата се „идеални носители на вирусот“, особено во градинките и училиштата, бидејќи поминуваат многу време заедно во затворени простории, поради што е неизбежно да се заразат со вируси.