Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, а попладне ќе престануваат. Ќе дува повремено умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува повремено умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Од недела следува период на стабилно и потопло време, а по одделни котлини ќе се задржи облачно, магливо и постудено.