Филип Миркуловски беше еден од нашите најискусни играчи на ова Европско првенство. По поразот од Данска со 31:21, популарниот Жути истакна дека е разочаран затоа што не се оствариле очекуваните резултати, а за тоа ги потенцира ковид-проблемите и повредите.

-Одигравме за наша душа, но, сепак, загубивме со високи десет гола разлика. Иако Данците одмараа играчи, сепак, се врвна класа. Имаат повеќе постави. Тие се број еден фаворити на ова Европско првенство, загубивме од најдобрата екипа на првенството. И ние играчите имавме големи очекувања од ова првенство, се додека не се случија ковид-проблемите и играчите. Ни се повредија Манасков, па Маркоски, па Лазаров… потоа неколку играчи отсуствуваа поради вирусот. Верувам дека ќе беше се поинаку да ги имавме сите играчи. Но, видовме дека на Европско првенствпо нема слаби селекции. На пример Црна Гора покажа дека е силна репрезентација, ја победија една Словенија и одат понатаму, изваи Миркуловски