ВИДЕО/Јапонците создадоа паметна маска која преведува на осум јазици

36

Кога пандемијата на новиот коронавирус го направи носењето маски секојдневна потреба и неопходност, јапонската компанија Donut Robotics ја препозна можноста да се дојде до високотехнолошка иновација.

Создадоа паметна маска која го покрива лицето како стандардна, но е дизајнирана да ја олесни комуникацијата и социјалното дистанцирање.

Во комбинација со апликацијата C-Face, паметната маска го препишува она што се зборува, го засилува и заострува гласот, па дури и го преведува говорот на осум различни јазици, пишува CNN.

Дупките од предната страна се неопходни за дишење, но затоа се помалку ефикасни во спречувањето на ширење на коронавирусот. Но, затоа може да се носи преку стандардна маска, објаснува извршниот директор на Donut Robotics, Таисуке Оно.

Направена е од пластика и силикон, има вграден микрофон кој е поврзан со паметниот телефон преку блутут. Во моментов преведува јапонски, кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски.

Donut Robotics првпат разви преведувачки софтвер за роботи наречен Cinnamon.