Џон Траволта забележа грешка во најновиот филм на Тарантино која никој досега не ја забележа. Траволта, кој во деведесеттите години имаше големо враќање на филмското платно токму благодарение на Квентин Тарантино, во неговото најново дело „Беше еднаш во Холивуд“ најде грешка.

-Леонардо се враќа дома од Италија, или каде и да бил, а нараторот вели дека се качил на 747, вели Траволта, а пренесува Индипендент.

Арно ама, како што додава Траволта, 747 пробен лет имал во февруари 1969 година, но веднаш потоа завршил на сервис до јануари 1970 година.

-Леонардо можел да лета само со авион 707, заклучува Траволта, кој инаку е пилот и одамна има летачка дозвола.

Траволта поседува дури четири авиона.