На десетици портали и на социјалните мрежи беше објавена провокативна вест со иста фотографија и речиси идентичен наслов во кој меѓу другото пишува дека „Грците ликуваат“, „Ова е понижување“, како коментар за сликата на која, наводно, девојка од Грција е облечена во маичка со која се мајтапи со бришењето на Сонцето (Ѕвездата) од Вергина (Кутлеш), објавува „360 Степени“.

Личноста која ја објавила фотографијата, според тоа што го пишува или го проследува на своите профили на Фејсбук и на Твитер е грчки шовинист. Таа е речиси и непозната, со оглед дека има многу мал број следбеници, меѓу кои најголем дел се со слична определба, а има и неколкумина кои се од спротивниот табор, тврди македонски националисти.

Весникот „Вечер“ и Вечер.прес им се извинува на читателите поради објавената непроверена информација и им се заблагодарува на колегите на укажувањето.