Екипата на Веспрем од Унгарија е првиот патник на завршниот Ф4-турнир во регионалната СЕХА-лига кој ќе се игра во Задар, а е од ланската сезона.

Тимот на Момир Илиќ убедливо го совлада Татран Прешов од Словачка (35-25), па така си дојде до место на завршницата каде ќе има уште три тима. Прв стрелец за Веспрем беше Елисон со седум гола, а кај Татран, Антл стрелаше девет пати.

Веспрем во полуфиналето на Ф4-турнирот во СЕХА ќе игра со подобриот од мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест.

Вториот македонски претставник во регионалната лига, Вардар 1961 во четвртфиналето ќе се сретне со Нексе Нашице. Татран Прешов следната недела доаѓа на Струшкиот ракометен турнир и ќе игра во групата со Струга, Еурофарм Пелистер и АЕК Атина.