Унгарскиот ракометен шампион Веспрем ја продолжи победничката серија во Лигата на Шампионите со триумф над словенечкиот Целје со 39:24. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и соиграчите уште во првото полувреме ја осигураа победата, поведоа со седум гола разлика 18:11, за во вториот дел да стигнат до двоцифрена предност и  нов триумф во елитното ракометно натпреварување. Манасков на овој натпревар постигна три гола од четири обиди, а најефикасни во таборот на Веспрем беа Нилсон со шест и Борозан со пет погодоци.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со својот Нант, изненадувачки загуби на гости во Данска од Алборг со 32:24. Францускиот тим одигра катастрофално прво полувреме во кое постигна само девет голаи не успеа да се врати во вториот дел. Лазаров го заврши овој натпревар со само два постигнати гола, од вкупно пет обиди.

Киелце, пак рутински триумфираше на мечот со Мешков Брест со 34:27.