Макс Верстапен не бил никогаш поблизу до титулата во Формула 1, бидејќи на две трки до крајот на сезоната води со осум бода во однос на актуелтниот шампион Луис Хамилтон.

  • Оваа сезона или сте под голем притисок или сте тој што постојано напаѓа. Мислам дека тоа е фантастично за спортот, добро е кога има две изедначени екипи во трката за титулата. Ми се допаѓа борбата со Хамилтон, но се надевам дека во иднина ќе има повеќе екипи во конкуренција за највисок пласман, изјави лидерот во генералниот пласман.