Тимо Вернер од Лајпциг, Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Родриго Морено од Валенсија се наоѓаат на листата на желби на Барселона. Каталонците не сакаат да остават ништо на случајот по повредата на Луис Суарез и на големо прават комбинации за пополнување на дупката во нападот.

Валенсија не сака да слушне да го продаде Морено за помалку од 60 милиони евра. Тоа би можело да претставува проблем за Каталонците бидејќи финансискиот ферплеј уште сега ги обврзува на продажба на играчи во вредност од 124 милиони евра.

На „Ноу Камп“ веќе владее блага паника по повредата на Суарез. Уругваецот ќе биде надвор од фудбалските терени во наредните четири месеци и дилема е дали воопшто ќе се врати во првиот тим на Барселона до крај на сезоната. Затоа и загреаноста на тренерот Кике Сетјен и соработниците во стручниот штаб за ангажман на напаѓач во текот на јануари.