Велосипедска патека направена со јавашлак

764

Велосипедската патека што беше направена во средината на зеленилото од десната страна на булеварот „Видое Смилевски Бато“, летото се асфалтираше, а фирмата што беше ангажирана не си ја заврши работата до крај.

Од двете страни на патеката има камења, остатоци од асфалтот, а во зеленилото е расфрлано ѓубре. Направени се и каналчиња кои не се затворени, поради што постои опасност некој што вози велосипед да излезе од патеката и да удри во каналот и да падне, а со тоа и да се повреди.