Мислите дека отвореното кафе може да стои подолго време? Правите грешка. Не е точно! Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење, кој се разликува во зависност од тоа дали е затворено или отворено.

Поголемиот дел од кафињата имаат напишан рок на траење на пакувањето, а тој се разликува во зависност од видот на кафето.

Пржените зрна кафе траат месец дена, додека меленото кафе, што е затворено, може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели.

Затвореното инстант кафе, пак, доколку е на темно место, може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори – до една година.

Од друга страна пак, кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.

Како да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење?

Прво според мирисот, кој може да биде ужегнат, а останатите се само промени на бојата на кафето, но и појава на мувла. Уште една опасност е ако во пакувањето навлезе вода, т.е. ако кафето е влажно. Во тој случај можете да пробате да го подготвите кафето, па да видите каков мирис и вкус ќе има.