„Вашиот омилен Маестро, чичко Ацо…“: Комеморација за Александар Џамбазов/ФОТО

1930

Во Националната опера и балет денеска се одржа Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов (03.02.1936 – 25.01.2022)

Фото. П. Стојановски

Организатор на комеморацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ.

Игор Џамбазов, синот на маестро Александар, објави дека денеска ќе биде испраќањето на неговиот татко на вечното почивалиште. Игор притоа напомена дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите.

Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.