Полскиот ракометен  шампион, иако се соочува со сериозни финансиски проблеми, според последните најави најверојатно ќе го сочува својот играчки кадар и повторно ќе биде конкурент за највисок пласман.

Шпанскиот тренер на Полјаците, Талант Душебаев за тамошните медиуми вели дека групата  А е за нијанса посилна од другата, но во исто време и порамноправна.

-Според мене, нашата група е посилна од другата, но во исто време и порамноправна. Се чини дека ние, Вардар, ПСЖ и Флензбург ќе се бориме за првите две места. Исто така и Флензбург и ПИК Сегед се квалитетни екипи и не треба да ги потцениме, а Вардар секогаш е меѓу фаворитите , рече Душебаев.