Српскиот ракометен интернационалец Марко Вујин е најновото засилување на Вардар во бековската лини. Искусниот ракометар доаѓа како големо име во новоформираниот тим на новиот соспственик Михајло Михајловски, а во интервју за српски „Журнал“ раскажа како дошло до соработката и што го привлекло во Вардар.

  • Во последните три години Вардар двапати беше првак на Европа, ако дозволи Бог, сакам да заиграме пак во полна сала. Со Кил двапати гостував кај Вардар и се сеќавам на таа фантастична енергија. Како на пример во Веспрем и Кил. Таму се „дише“ за ракомет. Никогаш немам играно на Балканот, го одбрав Вардар да биде последна етапа во мојата кариера. Се надевам дека ќе ме посака и спортското здравје, изјави Вујин.