Никогаш нема досаден момент околу Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара! Аргентинските медиуми објавија аудио клип во кој Ванда наводно вели дека дошла во Буенос Аирес за да ги комплетира документите околу нејзиниот развод со напаѓачот на Пари Сен Жермен.

Оваа вест одекна и во таа земја, каде повторно почна да се пишува за можниот развод на фудбалерот и неговата сопруга и агент, но Икарди се огласи и рече дека снимката е лажна!

Во емисијата „Лос Анџелес де ла Мањана“ објавена е аудио снимка на која се слуша женски глас. Авторите тврдат дека тоа е гласот на 35-годишната Ванда.

“Кармен, дојдов во Аргентина да завршам се околу разводот со Мауро. Моментално го организирам тоа. Ќе останев уште неколку дена за да организирам се околу разводот. Не можам повеќе да издржам, се слуша на аудио снимката.