Италија за последен пат му се поклони на Валентино Роси, популарниот „Доктор“ во Мото Гп шампионатот. Најдобриот мотоциклист на сите времиња за последен пат ја извозе патеката во Мизано за Големата награда на Реџо Емилија, пред своите фанови, бидејќи реши да ја заврши кариерата оваа сезона.

Посебно беше емотивно кога Роси извозе проштален круг на патеката, а потоа ја фрли својата кацига кон публиката, додека Италијанците извикуваа: „Ти благодарам Вале“. Нему му беше врачен и посебен трофеј со бројот 46, кој ја одбележа неговата кариера.

  • Толку ми беше убаво овде што можеби нема да отидам ни на последните две трки од сезоната. Имав пристојна трка, но ќе видам што ќе се случи понатаму, изјави Роси.

Во текот на кариерата „Докторот“ освои се што може да се освои и има дури девет шампионски титули, од кои седум во Мото ГП.