Вакцинацијата добива на темпо, пристигнаа нови дози „Фајзер“

65

Во земјава вчера попладне пристигнаа уште 100.620 дози вакцини на „Фајзер“, што се набавени преку КОВАКС механизмот, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

– Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, стои во неговата објава на Фејсбук.

Според министерот за здравство Венко Филипче од понеделник вакцини ќе има доволно за 300 илјади граѓани, а од оние што се пријавени на сајтот vakcinacija.mk останати се 150 илјади кои чекаат да ја примат првата доза. Потоа ќе продолжи имунизацијата, но на терен секаде каде што ќе има интерес од страна на граѓаните, без разлика на нивната возраст.

Почнува теренската имунизација  во Македонија – ќе се вакцинира кој сака и каде сака!