В понеделник по четврти пат авионски ќе се прска против комарци

45

Во понеделник во раните утрински часови Град Скопје ќе спроведе авионско прскање против комарци. Досега беа спроведени три, а ова ќе биде четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни – информираат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.