В петок ќе се прска против комарци

    27

    Градот Скопје ги известува граѓаните дека в петок ќе се прска против ларви од комарци.

    Притоа, авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се врши в петок, во раните утрински часови, додека  дезинсекција од земја против ларви од комарци ќе се врши, исто така в петок, во текот на денот.

    Ако временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

    Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.