Бутел почна војна со глодарите

63

Во Општина Бутел денеска започна есенската дератизација на целата нејзина територија. Ќе бидат дератизирани 1.200 шахти со по две мамки.

Во текот на денешниот ден е извршена дератизација во населените места Љубанци, населбата и селото Радишани. Во текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите Расадник, Бутел 1 и 2, Скопје север и Визбегово.

Насоката на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.

Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје, Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.