Бугарските експерти тврдат: Возачот не заспал, имало траги од кочење уште пред првиот удар

1378

Истрагата е во тек и полека се склопува моаикот кој треба да ја даде конечната слика како вчера дојде до тешката автобуска несреќа на магистралниот пат „Струма“ пред градот Перник во Бугарија во која настрадаа 45 патници. Последната информација која ја соопштија бугарските експерти за сообраќај е дека возачот не заспал на воланот, поточно дека бил буден кога дошло до несреќата и оти кочел уште пред првиот пат да удри во банкината.

„На двапати има траги на кочење. Првиот е малку пред автобусот да удри во банкината и вториот пат кратко пред да удри во втората банкина. Информацијата која ја добивме е дека возачот на автобусот не заспал. Малку пред местото на несреќата се извршува реконструкција на патот каде што се преминува од едната лента во другата и каде што се стеснува патот. Значи, ако тој заспивал поголема е веројатноста несреќата да се случила таму“ – вели автомобилскиот истражител Румен Дунев.

Дека возачот не заспал потврда стигна и бугарската Извршна агенција „Автомобилска управа“, чиј прв човек за бугарските медиуми меѓу другото информираше дека автбусот кој ја поминал турско-бугарската граница во 21.15 часот, растојанието од границата до местото на несреќата, од околу 320 киломтри, со се паузата, ја поминал за околу пет часа, што укажува дека тој возел со нормална брзина. Со истата брзина се движеле и другите три автобуси