Смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, откако во средата беше објавено дека починал дома на 60-годишна возраст, е главната тема во медиумите ширум светот.

Социјалните мрежи беа преплавени со информации во последните часови дека еден од работниците од мртовечницата кој се сликал со телото на Марадона бил убиен и фрлен во контејнер.

Во прилог излезе и видео, кое покажува како полицијата пронашла голо тело во контејнер, но нема официјална потврда дека се работи за еден од работниците.

Претходно се појави информација дека на работниците им се заканува смрт, дури и на членовите на нивните семејства.