Брутален напад на алигатор: Ѕверот зграпчил пливач, сè е снимено со дрон/ВИДЕО

415
Фото: screenshot Defeat X Adventure Co.

Алигатор долг 3,65 метри го нападнал пожарникарот Хуан Карлос Ла Верде (34) во езеро во градот Тампа, Флорида. Ѕверот го нападнал Ла Верде додека тренирал за триатлон, а се е снимено со камера на дрон.

Искусниот триатлонец успеал да ги стави рацете во устата на алигаторот, го отттурнал од главата и градите и допливал назад до пристаништето каде што самиот се јавил на 911 пред да биде пренесен во болница од случаен минувач.

Повредите што му ги нанел влекачот биле толку тешки што на Ла Верде му била извршена итна шестчасовна операција за реконструкција на дел од черепот и вилицата, според страницата GoFundMe на која се собираат пари за неговото лекување. Според извештаите, се очекува тој да биде подложен на уште најмалку една операција на черепот.

Во своето прво интервју по нападот, Ла Верде објасни за ABC news како се бранел.

„Замавнав со десната рака и почувствував заби. Мислам дека веднаш се обидов да му ја отворам устата. Кога ги почувствував забите, веднаш знаев. Кога ги отворив, знам дека го свртев него или тој ме сврте мене. Сепак, тој беше збунет, исто како и јас, а потоа само ме пушти“, изјави Ла Верде, поранешен член на еден од спасувачките одреди на Военото воздухопловство на САД.

Како што вели, тоа што се спасил е чудо.