Холивускиот актер Брус Вилис (67) свири усна хармоника придружуван од музичарот Дерек Ричард Томас.

Видеото во црно-бело го објави неговата сопруга Ема Хеминг Вилис на својот Инстаграм профил.

„Нивниот талент говори за себе. Само ова ќе го оставам овде“ – напиша Ема.

На снимката се гледа дека актерот е во добро расположение и покрај фактот дека се бори со тешка болест. Пред пет месеци на Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија, болест која влијае на неговите когнитивни способности и поради која тој реши да се повлече од актерството.

Болеста влија на способноста за комуникација и создава потешкотии во обработката и во изразувањето на вербална и пишана комуникација, а обично се јавува изненадно по мозочен удар, повреда на главата или спорорастечки тумор на мозокот.

Откако му е дијагностицирана тешката болест, сопругата на Брус Вилис на социјалните мрежи јавно говори за наговата состојба.

„Моето мото е – никогаш да не му допуштите на стравот да ве сопре. Зошто? Бидејќи стравот мене константно ме запира. А тоа е уште една причина зошто се вљубив во мојот сопруг, бидејќи него стравот никогаш не го сопрел. Па кака самодоверба мора да имате за да го отпеете главниот вокал со The Temptations?“ – напиша Ема Хеминг Вилис во описот на објавата.

Иако актерството е веќе зад него, Брус Вилис сепак, не се откажува од својата музика. Не е прв пат славниот актер да засвири. Малку е познато, но Брус Вилис има објавено и два албуми: The Retun of Bruno и If it Don’t Kill You, It Just Makes You Stronger.