Британската тениска федерација казнета со еден милион долари

59

 Здружението на тениски професионалци (АТП) изрече казна во износ од еден милион долари на Тениската федерација на Велика Британија (ЛТА) поради забраната за настап на руски и белоруски играчи на годинешниот Вимблдон и други АТП турнири одржани оваа година на британска територија.

Забраната на ЛТА беше образложена ро руската инвазија врз Украина која почна во февруари.

Реагирајќи на одлуката на АТП, британската министерка за култура Мичел Донелан ја нарече „погрешен чекор“.

„Сметаме дека спортот не смее да се користи за легализација на смртоносната инвазија и оти спортистите кои ги претставуваат Русија и Белорусија не би смеело да настапуваат во други држави“, изјави Донелан.

АТП од своја страна веднаш откако во април беше објавена забраната на ЛТА за настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки, објави дека таквата одлука не е фер и претставува преседан кој би можел да го уништи спортот.