Британец примил Украинка како бегалец во својот дом, па се развел од сопругата за 10 дена

1274
Фото. Instagram sonya_dobrvlsk

Тони Гарнет од Бредфорд, Британија, ја оставил сопругата Лорона со која има две деца, откако се заљубил во Софија Каркадијм, украинска бегалка која побегна од својата татковина на почетокот на руската агресија.

Британецот и неговата сопруга ја примиле Софија во нивниот дом за да ѝ обезбедат покрив над главата додека не се снајде. Во меѓувреме, љубовта меѓу Украинката и 29-годишниот Тони се развила брзо, пренесува DailyMail.

Почнаа почесто да бидат заедно. Тренирале, разговараа со часови. Се разбира, тоа не и избегало од внимание и на неговата сопруга. Ова почнало се повеќе да и пречи на Лорона, па во еден момент таа ја нападнала Софија и ја избркала од нивната куќа, а Тони тогаш решил дека и тој ќе оди со неа.

Жал ни е за болката што ја предизвикавме, но со Софија имам врска каква што немав досега. Планираме да го поминеме животот заедно, изјавил Тони за The Sun.

Штом го видов, ми се допадна. Сето тоа беше многу брзо, но ова е нашата љубовна приказна. Знам дека луѓето ќе мислат лошо за мене, но тоа се случува. Видов колку е несреќен Тони, додала Софија.

Моментално живеат во куќата на неговите родители додека не најдат стан за себе.

Откако оваа вест беше објавена во медиумите, многумина ги нападнаа и Тони и Софија, додавајќи дека тоа е лоша слика за бегалците од Украина.

Инаку, најновите податоци покажуваат дека повеќе од 33.000 бегалци од Украина сега се во Велика Британија под заштита на различни семејства.

Лесија Василенко, украинска пратеничка, рече дека е загрижена за бегалците доколку домаќините кај кои се сместени решат да ги иселат.

– Кој е резервниот план на британската влада? Каде треба да одат овие луѓе? Домаќините немаат никаква законска одговорност за нив, рече таа.