Македонската кошаркарска федерација (КФМ) ги објави кандидатите за најдобри кошаркари и кошаркарки, екипи и работници во 2019 година во која можност за гласање ќе имаат и сите спортски вљубеници преку интернет-страницата на Куќата на кошарката.

Најголемата војна за престолот за кошаркар на годината ќе се води помеѓу интернационалците Ненад Димитријевиќ од Хувентуд и Војдан Стојановски, кој првиот дел од сезоната го одигра за Олденбург, а моментно е без ангажман. Тука е и неговиот брат од редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.