Бразил во борба со коронавирусот: Заразени речиси 3 милиони, над 99.000 починале

23

Досега се потврдени речиси три милиони луѓе заразени во Бразил – 2.962.442 со новиот коронавирус, а од почетокот на пандемијата починале 99.572.

Во изминатите 24 часа потврдени се 50.230 случаи на коронавирус, а како резултат на инфекцијата починале уште 1.079 лица, соопшти Министерството за здравство на таа држава.

Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени и смртни случаи, по САД.