Ракометната репрезентација на Бразил, пристигна на Светското првенство во Египет драстично ослабена. Меѓу играчите кои беа позитивни на коронавирус беше и ѕвездата Тијаго Петрус, но и селекторот Маркус Оливеира. Двајцата на последниот тест добија позитивни резултати.

Според прописите на Бразил, двајцата веќе се во карантин, а пред нив на истото беа принудени и голманот Леонардо Терсариол, кондициониот тренер Клаудио Мачадо, физиотарапевтот Даниел Сантош, статистичарот Луан Монтеиро и тим лидерот Рафаел Акио. Во Египет нема да бидат и повредените Габриел Серете и Матеус Да Силва.