Поради зголемувањето на бројот на заразени со новиот коронавирус, во Босна и Херцеговина е укинат статусот на „безбедна држава“, што ќе влијае на патувањата за време на пандемијата.
Европскиот совет наведува дека списокот на земји изземени од ограничувањата за патување е ажуриран.
Со новата ажурирана листа, Молдавија го загуби и статусот на „безбедна земја“, додека членките на Европската унија на листата ги додадоа Чиле, Кувајт и Руанда.
Со најновото ажурирање, земјите на листата се Австралија, Канада, Чиле, Јордан, Кувајт, Нов Зеланд, Катар, Руанда, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Кореја, Украина и Уругвај.
Листата на ЕУ е советодавна за земјите -членки и не е обврзувачка.
Списокот се ажурира на секои две недели. Иако туристичкото патување во ЕУ од земјите на листата е дозволено, некои мерки како тестирање и карантин може да се применат за патниците.