Секогаш кога на Фејсбук пишував за Тито, Че Гевара, Бадер-Мајнхоф, Црвените бригади, јасно назначував дека ги одобрувам нивните идеи за социјална правда, а не и нивните методи, вели Босанецот кој со години живее таму со семејството за Индекс

Секогаш кога на Фејсбук пишував за Тито, Че Гевара, Бадер-Мајнхоф, Црвените бригади, јасно назначував дека ги одобрувам нивните идеи за социјална правда, а не и нивните методи, вели Босанецот за Индекс. Тој за себе вели дека е пацифист.

„Тој претставува опасност за националната безбедност и јавниот поредок оти во своите јавни изјави одобрува насилни и вонинституционални облици на отпор и промена на политичко општственото уредување на Република Хрватска, и слави одредени историски личности кои со правосилни судски постапки се осудени на долготрајни затворски казни поради сторени кривични дела меѓународен тероризам од крајно лева позиција. Со оглед на опишаното, остануваме на процената дека ставовите на наведениот објавени во јавниот простор т.е. на друштвените мрежи можат да предизвикаат насилни реакции или нарушување на јавниот ред и мир“, стои во мислењето на Безбедносно-разузнавачката агенција со која се одбива продолжувањето на привремениот престој на државјанин на БиХ во Хрватска.

Државјанинот на БиХ кој побарал анонимност но неговите податоци и се познати на редакцијата на Индекс,хр, веќе со години живее во Хрватска. Бил оженет за покојна хрватска државјанка со статус на бранителка, а и самиот бил припадник на Хрватскиот совет за одбрана, а денеска е во вонбрачна заедница со хрватска државјанка. Живее во Ријека, но Република Хрватска врз основа на мислењето на разузнавачите одлучила дека повеќе не може да биде во Хрватска.

-Да, симпатични ми се Тито, Мао, Че, Кастро и тоа сум го напишал на Фејсбук. Поради тоа повеќе не смеам да живеам во Хрватска, вели човекот кој наскоро мора да си замине од Хрватска иако таму е вработен и има семејство.

-Не е белким дека сакаат да ме протераат затоа што мислам дека на власт се се стари комуњари кои ги собуле чизмите и обуле салонски чевли, или поради моето цврсто убедување дека живееме во фашизам и дека секој кој не е десничар и националист веднаш е црвен бандит. Или можеби сакаат да ме протераат оти сметам, исто како и групата Бадер-Мајнхоф, дека капитализмот нема никогаш да ни дозволи во привилегиите на богатите, вели Босанецот, кој во рок од еден месец мора да ја напушти Хрватска.

Безбедносно-разузнавачката агенција го одбила медиумот да даде изjaва во врска со овој случај. Оттаму само стасало известување дека „на странски државјанин може да му се продолжи привремениот престој во Република Хрватска доколку, покрај другите услови, не претставува опасност за јавниот поредок, националната безбедност или јазното здравје“. Според Агенцијата, „величање на терористички организации и нивни припадници, без оглед на нивните идеолошки провиниенции, како и одобрување насилство претставуваат опасност за јавниот поредок и националната безбедност на Република Хрватска“.

Агенцијата не одговорила на прашањето кои имиња и организации се забранети за поддржување.

Index.hr