Болдвин во моментот на несреќата вежбал извлекување на пиштолот, вели режисерот

143

Веста дека актерот Алек Болдвин ја застрела снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза за време на снимањето на филмот „Rust“ со денови ја тресе јавноста, а секојдневно се објавуваат нови детали од истрагата.

Имено, во писменото судско соопштение, објавено во неделата, се наведува дека холивудскиот актер при оваа несреќа вежбал да го извлекува револверот од футролата, по што го вперил кон камерата за време на пробата на сетот.

Таа изјава под заклетва дава дополнителни детали за овој случај, пренесува „Ројтерс“.

На Болдвин му бил даден сценски пиштол и му било кажано дека е наполнет, наведуваат властите на Санта Феа во судските документи.

„Џоел изјавил дека Алек седел на клупата на снимањето на сцената во импровизираната црква и дека вежбал накрсно извлекување на пиштолот. Џоел додал дека актерот гледал преку рамото на Хачинс кога чул звук на удар, а потоа и гласно пукање“, се наведува во изјавата.

Хачинс тогаш била погодена во пределот на градите, се наведува во документите.

„Џоел тогаш нејасно се сеќава дека Хачинс се жалела на стомакот и како се фатила за неговиот среден дел. Исто така Џоел изјавил дека Хачинс почнала да се тетерави наназад и потоа паднала на земја“, стои во изјавата.

Халина само рекла дека не ги чувствува нозете, изјавил Рид Расел, камерманот кој стоел покрај неа за време на пукањето.

Никој не е обвинет за фаталниот инцидент кој во четвртокот се случи во текот на пробата на ранчот во близина на Санта Феа, додека пак канцеларијата на шерифот ја продолжува истрагата.

Таткото на убиената Халина Хачинс: Алек Болдвин не е виновен за трагедијата