Богдановиќ се приклучи на националната акција „Стоиме заедно“

45

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ беше дел од националната акција „Стоиме заедно“, која е спроведена од страна на невладината организација „Банка за храна“, а се реализира со поддршка од Европската Унија во Скопје, Цивика мобилитас и ЦБФ Македонија за проектот ВСС Ефект.

Како што информираат од општина Центар, целта на проектот е подобрување на правната и институционалната рамка во Република Северна Македонија, која има цел да овозможи соодветна превенција од фрлање на храна, како и заеднички акции за намалување на гладот и сиромаштијата.

-Добрите работи се подобри кога растат и се зголемуваат. Би сакал да им честитам на нашите пријатели од „Банка за храна” за организацијата и реализацијата на најголемата национална акција за борба против сиромаштијата. Општина Центар како долгогодишен партнер и соработник продолжува и наредниот период со редовни активности за проектот „Нула Глад“ во Општина Центар за најранливите категории граѓани, истакнува Богдановиќ

Во рамки на денешната хуманитарна акција волонтираа претставници од разни здруженија, организации и институции, кои се приклучија во процесот на подготовка и пакување на 35.000 килограми прехранбени производи за 1.620 семејства, кои живеат во социјален ризик во дваесет општини во државата.

-Покрај пакетите со храна, дополнително ќе бидат обезбедени 1.620 средства за дезинфекција и 6480 заштитни маски, кои ќе бидат дистрибуирани до крајот на месец мај, стои во соопштението.