Блокирана фејсбук-страната на албанскиот премиер Рама при преносот од пречекот на Фон дер Лајен

17

Фејсбук-страната на албанскиот премиер Еди Рама денеска е блокирана, откако во Тирана пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Страната е блокирана во момент кога во живо се пренесуваше свеченот пречек на Лајен. Причините засега се непознати, пренесува Ора њуз.

Таа е пречекана од премиерот Еди Рама во Палатата на бригадите, по што следуваше средба со него, а потоа и со шефот на државата Илир Мета.

Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември 2019 година, обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата “EU4Schools”, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

– За престојот во Албанија таа одбра облека во црвено-црна комбинација, постојано беше насмена и поздравуваше со рака на срцето, пишуваат албанските медиуми.