Биткоинот бележи пораст од над 140 отсто од почетокот на годината

137

Од почетокот на годината до денес, биткоинот бележи пораст од над 140% и неговата сегашна вредност е над 9.000 американски долари.

Биткоинот е еден вид дигитални пари (крипто валута). Она што го прави различен од конвенционалните пари е дека ниту една институција не ја контролира мрежата на биткоинот, што значи дека банката не може да ги контролира вашите пари.

Во април 2010 година цената на еден биткоин изнесуваше 0.003 долари, додека рекордната вредност биткоинот ја достигна во декемри 2017 кога вредеше преку 17.000 долари.

Многу држави го прогласија биткоинот за легален што имаше позитивно влијание врз неговата цена. Една од причините зошто цената на биткоин е зголемена е тоа што не е под влијание на владите. Биткоинот се следи преку јавни онлајн записи попознати како „блок-чејн“.

Конечниот број на биткоини може да се произведе преку процес наречен „рударство“, а всушност станува збор за решавање на комплексни математички проблеми. Еден од најголемите недостатоци на овој метод на тргување е дека, иако евиденцијата за трансакциите е јавна, корисниците што ги прават трансакциите остануваат анонимни.