Бислимовски: Државата ќе спречи големо поскапување на струјата

89

Државата нема да дозволи големо зголемување на цената на струјата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија. Кажа дека постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

Во вечерашниот Економски магазин на Алсат првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски вели дека засега е рано да се каже колкаво ќе биде поскапувањето, но тврди дека социјална експлозија нема да се случи. Сепак реалноста е дека поскапувањето е неминовно.

„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.