Бил Гејтс: Ќе мора да се вакцинира два пати, постарите лица и три пати

44

Познатиот милијардер е „жртва“ на многу теории на заговор, а една од нив се однесува на фактот дека Бил Гејтс е „поврзан“ со вирусот ковид-19, за да оствари профит, чипувајќи луѓе … Но, што вели тој за сè?

Бил Гејтс ги негираше теориите на заговор кои кружат, а се поврзани со фактот дека овој милијардер сака да ги користи вакцини против вирусот ковид-19, со цел да инсталира уреди во нив за следење на луѓето.

Гејтс, чија фондација донираше милиони за истражување и третман на вакцини против коронавирус, се обрати пред јавноста вчера да го побие мислењето на дури 28 проценти од анкетираната американска популација, кои веруваат дека идејата на Гејтс  е да следи милијарди луѓе ширум светот преку микрочипови.

„ Мора да ја кажеме вистината, оваа параноја мора да запре“, рече кратко тој, а пренесе „CNBC“.„Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да заштити во единечна доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да примат повеќе од две дози “, истакна тој.

„ФДА“ сè уште не одобрила лекови или вакцини против ковид-19, вирусот од кој досега се инфицирале околу 15 милиони луѓе од целата планета и однеле најмалку 617.000 животи за нешто повеќе од половина година.

Според извештајот на Светската здравствена организација – има повеќе од 100 вакцини, а 23 веќе се тестирани на луѓе. Во февруари, фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ објави дека донирала 100 милиони долари за истражување на вакцина против коронавирусот. Во јуни, фондацијата вети дополнителни 1,6 милијарди американски долари на сојузот „Гави“, организација која се фокусираше на имунизација на децата за време на пандемијата на вирусот ковид-19.

„ Сакаме да бидеме сигурни дека немаме луѓе кои умираат само затоа што немаат пристап до вакцината“ рече Гејтс, додавајќи: Ќе добиеме многу дози на вакцината и ни треба светот да дојде до добар договор. Многу компании се посветени на тоа“. Гејтс, исто така, зборуваше за безбедноста на вакцините, велејќи дека очекува Управата за храна и лекови да направи добра работа за преглед на секоја потенцијална вакцина, и покрај притисокот да ја пушти во употреба што е можно поскоро.

Сепак, Американците се сомневаат во тоа. Според истражувањето, само 50 проценти од нив би примиле вакцина против коронавирусот, доколку научниците успеат да направат нешто што е ефикасно. Меѓу Американците кои не сакаат да се вакцинираат, 7 од 10 причини за тоа се недовербата во безбедноста на вакцината.