Беса Транс: Изгорениот автобус не е на видеата од турскиот хотел!

381

Од туристичката компанија „Беса Транс“ преку соопштение до јавноста, изразија сочувство до роднините на загинатите лица во сообраќајната несреќа што се случи вчера, рано утрото во Бугарија, но и дадоа свој став за видеата кои се појавија од турски хотел.

„Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи, медиумската база ќе биде дезинформација, како резултат на дистрибуција на некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници. Меѓу автобусите што се појавуваат на тие видеа не е автобусот од трагичната несреќа. Бараме од сите медиуми во исто време да ја потврдат веста и потоа да ја дистрибуираат, а не да го искористуваат трагичниот случај. Ние немајќи официјална информација, не презедовме никакви чекори за информирање на јавноста, така што како колку што е можно да се држат настрана од дезинформации.

Аллах да ги смилува загинатите, Аллах да ги исцели ранетите“, велат од компанијата.

Снимен моментот кога патниците влегуваат во автобусот неколку часа пред трагедијата/ВИДЕО