Бериша: Системот ТИМС го нападнаа владини хакери, за да ги уништат врските на владата и пратениците со криминалот

42

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија и поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша упати силни обвинувања дека „системот ТИМС бил нападнат од владини хакери”.

Повикувајќи се на сигурни извори, тој рече дека системот ТИМС бил нападнат за да се елиминираат доказите за врските на владата и пратениците со криминалот.

-ТИМС системот, според сериозни, сигурни извори, е нападнат од владини хакери со цел да се избришат сите траги од врските на владата и пратениците со групи шверцери и криминалци и нивните заеднички патувања, кои се доказ за соработка со политиката. Извлекувањето податоци од системот МЕМЕКС, пак, е најекстремниот степен на деконспирација и потврда дека оваа мафијашка држава е во рацете на криминалот, посочи Бериша.

Според него Албанија станува најопасна земја на Балканот и во Европа”.

Изјавата на Бериша следува откако групата „Татковинска правда“ денеска објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС во кој се наоѓал список со 105 илјади лица осомничени дека се вмешани во криминални активности.