Познатиот рокер Бени Шаќири наполни педесет и една година, а за својот роденден си доби и убава честитка од неговата сестра Нора.

– 51 пoлни лепотанов мој. Ме израсна, ме чува, ме сака, ме поддржува, тој ми е ветер во грб. Постариот ми брат секој ден ме прави горда сестра. Вистинска среќа е што го имам.. Чесен, праведен, борбен, искрен. Среќен роденден, љубов моја. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет. Заедно сме во сè. Те сакам до бескрај, напиша Нора.

Инаку поранешна водителка и новинарка оваа година се здоби со уште една радосна новина во нејзиниот живот. Таа со нејзиниот сопругот Марко Марковиќ добија син за кого го одбраа името Ијан.