Без струја утре повеќе делови од Скопје

57

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Бутел и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9 до 14 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Андреа Зограф“, „Црногорска“ бр.14 (од број 2 до 14), „Црногорска“ од број 2 до 72, „Црногорска“ бр.49 и 51 и околината, „Александар македонски“ позади бензинската пумпа и околината, дел од улица „Смилевска“, дел од улицата „Борис Сарафов“ (во близина на бензинскат пумпа и околината), Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:55 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љуботен, кои се наоѓаат помеѓу селата Љуботен и Љубанци, Општина Бутел.

Во периодот од 11:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата „Стив Наумов“, Општина Центар.